Бројот на загинатите во земјотресот во Измир се зголеми на 76 лица, 962 се повредени

Бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер во градот Измир, се зголеми на 76 лица, 962 лица се повредени, непрекинато продолжуваат работите за пребарување и спасување во 8 срушени згради

1519821
Бројот на загинатите во земјотресот во Измир се зголеми на 76 лица, 962 се повредени

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи соопшти дека бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер што се случи во петокот во градот Измир, се зголеми на 76 лица, 962 лица се повредени.

Од 962 повредени лица во земјотресот 743 лица се излекувани и отпуштени од болница, а продолжува лекувањето на 219 лица.

Продолжуваат работите за пребарување и спасување во 8 срушени згради кадешто се уште има затрупани граѓани.

Во соопштението на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) се истакнува дека во погоденото подрачје се регистрирани повеќе од 987 последователни потреси од кои 43 со јачина од над 4 степени по Рихтер.

Инаку, Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека во петокот (30 октомври) попладне, во 14:51 часот по локално време е регистриран земјотрес во Егејското Море на 17 километри од брегот на населеното место Северихисар кај градот Измир.

Земјотресот се случи на длабочина од 16,54 километри и беше почувствуван во едно широко подрачје на градот Измир и околината, како и на грчките острови во Егејското Море на чело со островот Сисам (грчки Самос).

Најмногу беа погодени населеното место Сеферихисар и општините Бајракли и Борнова во Измир каде што 17 згради се срушени, а голем број згради се тешко или полесно оштетени.



Слични вести