Претседателот Ердоган се заблагодари на земјите кои ја доставија својата поддршка по земјотресот во Измир

Претседателот Ердоган во споделената објава со знамињата на земјите го напиша следното: „Им благодарам на сите пријателски земји кои ги доставија своите желби за што побрзо закрепнување од последиците и изразеното сочувство по повод земјотресот во Измир

1519627
Претседателот Ердоган се заблагодари на земјите кои ја доставија својата поддршка по земјотресот во Измир

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се заблагодари за пораките со поддршка и сочувство коишто пристигнуваат од пријателските земји по земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер со епицентар во населеното место Сеферихисар кај градот Измир.

Претседателот Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер со знамињата на земјите го напиша следното: „Им благодарам на сите пријателски земји кои ги доставија своите желби за што побрзо закрепнување од последиците и изразеното сочувство по повод земјотресот во Измир. Со сите наши институции како држава Република Турција сме на терен покрај нашите граѓани, целосно владееме со состојбата.“

 



Слични вести