Претседателот Ердоган: Откако ќе постигнеме успех во борбата што ја водиме, Турција ќе се најде меѓу најголемите во светот
Претседателот Ердоган рече: „Откако ќе постигнеме успех во борбата што ја водиме, Турција ќе се најде меѓу најголемите во светот, политички и економски.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во градот Самсун говореше на 7. редовен Конгрес на градскиот огранок на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата).
Претседателот Ердоган во својот говор им посака милост од Аллах на загинатите во земјотресот во Измир, го изрази своето сочувство до блиските на жртвите, а на повредените им посака побрзо оздравување.
Ердоган воедно ги сподели најновите иформации во врска со човечките загуби во земјотресот во Измир и информира дека бројот на загинатите граѓани се зголеми на 58 лица, а 896 лица се повредени од кои продолжува лекувањето на 214 лица.
„Одлучни сме да ги санираме раните на нашите браќа од Измир погодени од земјотресот, пред да започнат студовите и врнежите.“ - рече претседателот Ердоган.
Велејќи „Пред нас се наоѓаат силните (моќниците) на последниот век“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор го рече следното: „Не е лесно да се овозможи овие тирани кои својата моќ ја должат на зулумот (тиранијата), пролевањето на крв, експлоатацијата на општествата (народите) со измама и притисок (насилство), да прифатат дека играта веќе е променета. Не можеа да ја потчинат (заробат) Турција со тутурство, не можеа да ја принудат Турција да потклекне на колена, не можеа да ја соборат Турција со пуч, не можеа да и постават пранги на Турција со закана, опсада, ембарго. Не ќе можат да ја потчинат Турција и со економија.“
Претседателот Ердоган, воедно го додаде и следното: „Откако ќе постигнеме успех во борбата што ја водиме, Турција ќе се најде меѓу најголемите во светот, политички и економски.“
Слични вести
