Претседателот Ердоган го посети погоденото подрачје од земјотресот во Измир
Претседателот Ердоган по одржаната прес конференција во Кризниот штаб во населеното место Борнова го посети населеното место Бајракли кое беше најмногу погодено од земјотресот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера го посети погоденото подрачје од земјотресот во Измир кадешто непрекинато продолжуваат работите за пребарување и спасување.
Претседателот Ердоган по одржаната прес конференција во Кризниот штаб во населеното место Борнова го посети населеното место Бајракли кое беше најмногу погодено од земјотресот.
Овде претседателот Ердоган истакна дека досега 103 лица се извлечени и спасени од рушевините на срушените згради.
Претседателот Ердоган посети една од срушените згради во земјотресот кадешто непрекинато продолжуваат работите за пребарување и спасување и овде од страна на министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум и претседателот на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) Мехмет Ѓуллуоглу беше информиран за работите за пребарување и спасување меѓу рушевините на срушените згради.
Ердоган рече дека досега во погоденото подрачје од земјотресот е испратена помош од 24 милиони турски лири (приближно 2,87 милиони долари) и дека во зависност од потребите ќе биде испратена и дополнителна помош.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека по земјотресот од 88 земји пристигнаа пораки за солидарност, поддршка и желба за побрзо опоравување.