Претседателот Ердоган: Бројот на загинатите во земјотресот во Измир се зголеми на 58 лица

Претседателот Ердоган информира дека бројот на загинатите граѓани во земјотресот во Измир се зголеми на 58 лица, а 896 лица се повредени од кои продолжувања лекувањето на 214 лица

1519661
Претседателот Ердоган: Бројот на загинатите во земјотресот во Измир се зголеми на 58 лица

Бројот на загинатите во земјотресот што во петок попладне го погоди градот Измир се зголеми на 58 лица, 896 лица се повредени, а продолжуваат работите за пребарување и спасување во уште 8 срушени згради.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во градот Самсун говореше на 7. редовен Конгрес на градскиот огранок на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата).

Овде претседателот Ердоган информира дека бројот на загинатите граѓани во земјотресот во Измирсе зголеми на 58 лица, а 896 лица се повредени од кои продолжува лекувањето на 214 лица.

Засега се завршени работите за пребарување и спасување во 9 од 17 срушени згради, додека непрекинато продолжуваат работите за пребарување и спасување во уште 8 срушени згради кадешто се уште има затрупани граѓани.

Во објавеното соопштение од Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) се истакнува дека во погоденото подрачје се регистрирани повеќе од 850 последователни потреси од кои некои и со јачина од над 4 степени по Рихтер.

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека завчера (30 октомври, во петокот), во 14:51 часот по локално време е регистриран земјотрес во Егејското Море на 17 километри од брегот на населеното место Северихисар кај градот Измир.

Земјотресот се случи на длабочина од 16,54 километри и беше почувствуван во едно широко подрачје на градот Измир и околината, па дури и во Истанбул, како и на грчките острови во Егејското Море на чело со островот Сисам (грчки Самос).

Најмногу беа погодени населеното место Сеферихисар и општините Бајракли и Борнова во Измир каде што 17 згради беа срушени, а голем број згради беа оштетени.

 



Слични вести