Поддршка од пакистанскиот премиер Имран Хан до претседателот Ердоган за земјотресот во Измир

Пакистанскиот премиер Имран Хан го побара по телефон претседателот Реџеп Тајјип Ердоган поради земјотресот во Измир до кого ја изрази својата поддршка и желба за побрзо опоравување, како и пораките за солидарност

1519562
Поддршка од пакистанскиот премиер Имран Хан до претседателот Ердоган за земјотресот во Измир

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со пакистанскиот премиер Имран Хан.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, пакистанскиот премиер Имран Хан го побара по телефон претседателот Реџеп Тајјип Ердоган поради земјотресот во Измир до кого ја изрази својата поддршка и желба за побрзо опоравување, како и пораките за солидарност.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така му се заблагодари на Имран Хан, а воедно уште еднаш го изрази своето сочувство за извршениот терористички напад во минатата недела во Пешавер.

Инаку, во експлозијата со рачна експлозивна направа до којашто дојде на 27 октомври во едно медресе во градот Пешавер загинаа 7 ученици, а беа повредени 70 лица меѓу кои се наоѓаа и деца.



Слични вести