Министерот за здравство Фахреттин Коџа: Бројот на жртвите во земјотресот во Измир се искачи на 55 лица

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во дадената изјава за претставниците на печатот ннформира дека бројот на загинатите граѓани во земјотресот се зголеми на 55 лица, а 896 лица се повредени од кои 702 лица се излекувани и отпуштени од болница

1519646
Министерот за здравство Фахреттин Коџа: Бројот на жртвите во земјотресот во Измир се искачи на 55 лица

Бројот на загинатите во земјотресот што во петок попладне го погоди градот Измир се зголеми на 55 лица, 896 лица се повредени, а продолжуваат работите за пребарување и спасување во уште 8 срушени згради. 

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во дадената изјава за претставниците на печатот информира дека бројот на загинатите граѓани во земјотресот се зголеми на 55 лица, а 896 лица се повредени.

Коџа рече дека досега се отпуштени од болница 702 лица, во болниците продолжува лекувањето на 218 повредени од кои 8 мина се наоѓаат на интензивна нега, а од кои здравствената состојба на 3 лица е тешка.

Засега се завршени работите за пребарување и спасување во 9 од 17 срушени згради, додека непрекинато продолжуваат работите за пребарување и спасување во уште 8 срушени згради кадешто се уште има затрупани граѓани.

Во објавеното соопштение од Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) се истакнува дека во погоденото подрачје се регистрирани повеќе од 850 последователни потреси од кои некои и со јачина од над 4 степени по Рихтер.

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека завчера (30 октомври, во петокот), во 14:51 часот по локално време е регистриран земјотрес во Егејското Море на 17 километри од брегот на населеното место Северихисар кај градот Измир.

Земјотресот се случи на длабочина од 16,54 километри и беше почувствуван во едно широко подрачје на градот Измир и околината, па дури и во Истанбул, како и на грчките острови во Егејското Море на чело со островот Сисам (грчки Самос).

Најмногу беа погодени населеното место Сеферихисар и општините Бајракли и Борнова во Измир каде што 17 згради беа срушени, а голем број згради беа оштетени.



Слични вести