Истражувањата на „Оруч Реис“, „Атаман“ и „Џенгизхан“ во Источниот Медитеран продолжени до 14 ноември

Според издадениот нов „NAVTEX“, сеизмичките истражувања на турските бродови „Оруч Реис“, „Атаман“ и „Џенгизхан“ во Источниот Медитеран се продолжени до 14 ноември

1519620
Истражувањата на „Оруч Реис“, „Атаман“ и „Џенгизхан“ во Источниот Медитеран продолжени до 14 ноември

Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) за сеизмичките истражувања коишто ги реализираат бродовите „Оруч Реис“, „Атаман“ и „Џенгизхан“ во Источниот Медитеран.

Според овој издаден нов „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка), турските бродови „Оруч Реис“, „Атаман“ и „Џенгизхан“ чии активности завршуваат на 1 ноември (денеска) во 21:01 часот по турско време, своите активности во утврдената зона во Источниот Медитеран ќе ги продолжат до 14 ноември во 20:59 часот по турско време.

За морепловците е издадено предупредување за оддаделечување од 6 милји од бродовите за истражување. 

 



Слични вести