Бројот на жртвите во земјотресот во Измир се зголеми на 51 лице, над 896 лица се повредени

Според добиени информации од Координациониот центар за здравство и елементарни непогоди (САКОМ), во земјотресот во Измир животот го загубија 51 лица од кои едно лице беше удавено поради надојдените води на морето во населеното место Сеферихисар

1519592
Бројот на жртвите во земјотресот во Измир се зголеми на 51 лице, над 896 лица се повредени

Бројот на загинатите во земјотресот што во петок попладне го погоди градот Измир се зголеми на 51 лица, 896 лица се повредени, а продолжуваат работите за пребарување и спасување во уште 8 срушени згради. 

Според добиени информации од Координациониот центар за здравство и елементарни непогоди (САКОМ), во земјотресот животот го загубија 51 лица од кои едно лице беше удавено поради надојдените води на морето во населеното место Сеферихисар.

Во земјотресот се повредени 896 лица од кои 682 се излекувани и отпуштени од болница, а продолжува лекувањето на 214 лица.

Засега се завршени работите за пребарување и спасување во 9 од 17 срушени згради, додека непрекинато продолжуваат работите за пребарување и спасување во уште 8 срушени згради кадешто се уште има затрупани граѓани.

Во објавеното соопштение од Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) се истакнува дека во погоденото подрачје се регистрирани повеќе од 850 последователни потреси од кои 40 со јачина од над 4 степени по Рихтер.

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека завчера (30 октомври, во петокот), во 14:51 часот по локално време е регистриран земјотрес во Егејското Море на 17 километри од брегот на населеното место Северихисар кај градот Измир.

Земјотресот се случи на длабочина од 16,54 километри и беше почувствуван во едно широко подрачје на градот Измир и околината, па дури и во Истанбул, како и на грчките острови во Егејското Море на чело со островот Сисам (грчки Самос).

Најмногу беа погодени населеното место Сеферихисар и општините Бајракли и Борнова во Измир каде што 17 згради беа срушени, а голем број згради беа оштетени.



Слични вести