Бројот на жртвите во земјотресот во Измир се искачи на 62 лица

Бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер во градот Измир, се зголеми на 62 лица, 940 лица се повредени, непрекинато продолжуваат работите за пребарување и спасување во уште 8 срушени згради

1519728
Бројот на жртвите во земјотресот во Измир се искачи на 62 лица

Бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер што се случи вчера во Егејското Море во близина на населеното место Сеферихисар кај градот Измир, се зголеми на 62 лица, 940 лица се повредени, а од рушевините на срушените згради се спасени повеќе 104 граѓани.

Од 940 повредени лица во земјотресот 722 лица се излекувани и отпуштени од болница, а продолжува лекувањето на 218 лица.

Засега се завршени работите за пребарување и спасување во 9 од 17 срушени згради, додека непрекинато продолжуваат работите за пребарување и спасување во уште 8 срушени згради кадешто се уште има затрупани граѓани.

Во објавеното соопштение од Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) се истакнува дека во погоденото подрачје се регистрирани повеќе од 922 последователни потреси од кои 42 со јачина од над 4 степени по Рихтер.

Инаку, Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека завчера (30 октомври, во петокот), во 14:51 часот по локално време е регистриран земјотрес во Егејското Море на 17 километри од брегот на населеното место Северихисар кај градот Измир.

Земјотресот се случи на длабочина од 16,54 километри и беше почувствуван во едно широко подрачје на градот Измир и околината, па дури и во Истанбул, како и на грчките острови во Егејското Море на чело со островот Сисам (грчки Самос).

Најмногу беа погодени населеното место Сеферихисар и општините Бајракли и Борнова во Измир каде што 17 згради се срушени, а голем број згради се оштетени.

 



Слични вести