Бројот на човечките загуби во земјотресот во Измир се зголеми на 69 лица, 949 се повредени

„Бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер што го погоди завчера градот Измир, се зголеми на 69 лица, 949 лица се повредени“ - соопшти Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД)

1519787
Бројот на човечките загуби во земјотресот во Измир се зголеми на 69 лица, 949 се повредени

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер што се случи завчера во Егејското Море во близина на населеното место Сеферихисар кај градот Измир, се зголеми на 69 лица, 949 лица се повредени.

Од 949 повредени лица во земјотресот 729 лица се излекувани и отпуштени од болница, а продолжува лекувањето на 220 лица.

Продолжуваат работите за пребарување и спасување во 8 срушени згради кадешто се уште има затрупани граѓани.

Во објавеното соопштение од Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) се истакнува дека во погоденото подрачје се регистрирани повеќе од 987 последователни потреси од кои 43 со јачина од над 4 степени по Рихтер.

Инаку, Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека завчера (30 октомври, во петокот), во 14:51 часот по локално време е регистриран земјотрес во Егејското Море на 17 километри од брегот на населеното место Северихисар кај градот Измир.

Земјотресот се случи на длабочина од 16,54 километри и беше почувствуван во едно широко подрачје на градот Измир и околината, па дури и во Истанбул, како и на грчките острови во Егејското Море на чело со островот Сисам (грчки Самос).

Најмногу беа погодени населеното место Сеферихисар и општините Бајракли и Борнова во Измир каде што 17 згради се срушени, а голем број згради се тешко или полесно оштетени.



Слични вести