Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 74 починати, 2.106 новозаразени, 1.515 оздравени
Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 74 лица, регистрирани се 2.106 новозаразени, оздравеа 1.515 пациенти; Досега починаа вкупно 10.326 лица, инфектирани се 377.473, а оздравеа 325.486 лица
1519756

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 74 смртни случаи.
Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 10.326 лица.
Во изминатите 24 часа се направени 123.343 тестирања од кои се дијагностицирани 2.106 новозаразени.
Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 377.473 лица.
Со отпуштање од болница на уште 1.515 излекувани, вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 325.486 лица.