Претседателот Ердоган: Ги мобилизиравме сите наши можности во Измир за што побрзо завршување на работите за пребарување и спасување

Претседателот Ердоган во врска со земјотресот во Измир што се случи вчера во попладневните часови, го рече следното: „Ги мобилизиравме сите наши можности за што побрзо завршување на работите за пребарување и спасување“

1519158
Претседателот Ердоган: Ги мобилизиравме сите наши можности во Измир за што побрзо завршување на работите за пребарување и спасување

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа синоќа на состанокот на Научниот совет за здравство на Турскиот совет, во врска со земјотресот во Измир што се случи вчера во попладневните часови го рече следното: „Ги мобилизиравме сите наши можности за што побрзо завршување на работите за пребарување и спасување.“

Претседателот Ердоган, им ја достави на граѓаните во градот Измир и во околината кои се погодени од земјотресот својата желба што побрзо да поминат последиците.

Ердоган им посака милост од Аллах на загинатите во срушените згради во земјотресот, а на повредените им посака побрзо оздравување.

„Нашата држава, со нашите другари министри со сите наши институции уште од моментот на земјотресот сите стапија во акција и се ангажирани за да ги спасат нашите граѓани кои се затрупани под рушевините и за да им се обезбеди помош на сите погодени од земјотресот. Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), нашата Полициска служба, нашите здравствени единици и другите надлежни државни службеници, вложуваат голем труд, прават се што можат. Нашите министри набрзина пристигнаа на местото на потресот за воспоставување на координацијата на лице место. Ги мобилизиравме сите наши можности за што побрзо завршување на работите за пребарување и спасување.“ - рече Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор се осврна и на борбата на Турција против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во врска со што го истакна следното: „Нашата најголема надеж по ова прашање се работите за вакцина коишто фактички се дојдени во фаза на реализација. Турција од една страна ги следи одблизу работите за вакцина во земјите како што се Кина, Русија, Америка и сл., а од друга страна води интензивни обиди за развивање на сопствената вакцина. Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) во наредните месеци напролет ќе дојдеме до фаза да можеме да им ја применуваме на нашите граѓани нашата сопствена вакцина. Почнувајќи од крајот на годината пак, планираме да им ја ставиме на располагање на нашите граѓани едната или повеќе од една од работите за развивање на вакцина во светот, со одобрение на нашите научници.“ 

Претседателот Ердоган нагласи дека се одлучни Турција да ја издигнат на првите места меѓу најнапредните земји во светот и во науката.

 



Слични вести