Министерот за здравство Фахреттин Коџа: Имаме 26 човечки загуби, 381 повредени се на лекување од кои 25 на интензивна нега

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во дадената изјава во врска со земјотресот го рече следното: „Имаме 26 човечки загуби. 381 лице се наоѓаат на лекување од кои 25 се на интензивна нега. Успешно се завршени уште 4 операции.“

1519287
Министерот за здравство Фахреттин Коџа: Имаме 26 човечки загуби, 381 повредени се на лекување од кои 25 на интензивна нега

Бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер што се случи вчера во Егејското Море во близина на населеното место Сеферихисар кај градот Измир, се зголеми на 26 лица, а 831 лице се повредени.

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека вчера во 14:51 часот по локално време е регистриран земјотрес во Егејското Море на 17 километри од брегот на населеното место Северихисар кај градот Измир.

Земјотресот се случи на длабочина од 16,54 километри и беше почувствуван во едно широко подрачје на градот Измир и околината, па дури и во Истанбул, како и на грчките острови во Егејското Море на чело со островот Сисам (грчки Самос) и во главниот град на Грција Атина.

Најмногу беа погодени населеното место Сеферихисар и општините Борнова и Бајракли во Измир каде што некои згради беа срушени, а голем број згради беа оштетени.

Според последните добиени информации, бројот на загинатите во земјотресот изнесува 26 лица, а повеќе од 831 лице се повредени.

Засега се завршени работите за пребарување и спасување во 9 од 17 срушени згради, додека непрекинато продолжуваат работите за пребарување и спасување во уште 8 срушени згради кадешто се уште има затрупани граѓани.

Во објавеното соопштение од Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) се истакнува дека во погоденото подрачје се регистрирани повеќе од 500 последователни потреси од кои 35 со јачина од над 4 степени по Рихтер.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во дадената изјава во врска со земјотресот го рече следното: „Имаме 26 човечки загуби. 381 лице се наоѓаат на лекување од кои 25 се на интензивна нега. Успешно се завршени уште 4 операции.“

Велејќи дека е завршено лекувањето на 504 повредени граѓани, министерот за здравство Фахреттин Коџа рече: „Со екипите за итна помош 112, тимовите на Националната медицинска екипа за спасување (УМКЕ), нашите амбулантни возила и нашите болници сме на задача во Измир.“

 

 



Слични вести