Министерот Мурат Курум: Од рушевините на срушените згради се извадени и спасени 100 затрупани граѓани

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум истакна дека досега од рушевините на срушените згради се извадени и спасени 100 затрупани граѓани

1519220
Министерот Мурат Курум: Од рушевините на срушените згради се извадени и спасени 100 затрупани граѓани

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум во дадената изјава во формираниот Координационен центар во Измир истакна дека досега од рушевините на срушените згради се извадени и спасени 100 затрупани граѓани и дека непрекинато продолжуваат работите за пребарување и спасување во уште 8 срушени згради.

Министерот Курум во врска со активностите за пребарување и спасување го рече следното: „На теренот работат приближно 5 илјади лица за пребарување и пасување. Во моментов се на терен нашите мобилни единици за храна со капацитет за 56 илјади лица. За тешко оштетените згради ќе се достави помош за сместување.“

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум истакна дека Управата за колективни станови (ТОКИ) во координација со Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) го започна процесот за изградба на трајни станови.

Министерот Курум воедно додаде дека на сите граѓани чии згради се срушени, тешко оштетени или за кои постои ризик од рушење ќе им се достави помош во парични средства за кирија.

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека вчера во 14:51 часот по локално време е регистриран земјотрес во Егејското Море на 17 километри од брегот на населеното место Северихисар кај градот Измир.

Земјотресот се случи на длабочина од 16,54 километри и беше почувствуван во едно широко подрачје на градот Измир и околината, па дури и во Истанбул, како и на грчките острови во Егејското Море на чело со островот Сисам (грчки Самос) и во главниот град на Грција Атина.

Најмногу беа погодени населеното место Сеферихисар и општините Борнова и Бајракли во Измир каде што беа срушени некои згради, а голем број згради беа оштетени.

Според последните добиени информации, бројот на загинатите во земјотресот изнесува 25 лица, а повеќе од 831 лице се повредени.

Продолжуваат работите за пребарување и спасување во уште 8 срушени згради кадешто се претпоставува дека се уште има затрупани.

Во објавеното соопштение од Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) се истакнува дека во погоденото подрачје се регистрирани повеќе од 489 последователни потреси од кои 35 со јачина од над 4 стспени по Рихтер.



Слични вести