Бројот на загинатите во земјотресот во Измир се зголеми на 25 лица, а 804 се повредени

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување во срушените згради каде што се уште има затрупани

1519139
Бројот на загинатите во земјотресот во Измир се зголеми на 25 лица, а 804 се повредени
İZMİR DEPREM
İZMİR DEPREM
Izmir.jpg

Бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер што се случи вчера во Егејското Море во близина на населеното место Сеферихисар кај градот Измир, се зголеми на 25 лица, а 804 лица се повредени.

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека вчера во 14:51 часот по локално време е регистриран земјотрес во Егејското Море на 17 километри од брегот на населеното место Северихисар кај градот Измир.

Земјотресот се случи на длабочина од 16,54 километри и беше почувствуван во едно широко подрачје на градот Измир и околината, па дури и во Истанбул.

Најмногу беа погодени населеното место Сеферихисар и општините Борнова и Бајракли во Измир каде што беа срушени некои згради, а голем број згради беа оштетени.

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување во уште 8 срушени згради кадешто се претпоставува дека се уште има затрупани.

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум  во дадената изјава во Координациониот центар истакна дека досега од срушените згради се извадени и спасени 100 затрупани граѓани и дека продолжуваат активностите за пребарување и спасување во уште 8 срушени згради. 

 



Слични вести