Земјотрес од 6,6 степени во населеното место Сеферихисар и градот Измир: Има срушени згради

Пристигнуваат информации дека во земјотресот има срушени повеќеспратни згради особено населеното место Сеферихисар и во општините Бајракли и Борнова во градот Измир

1518863
Земјотрес од 6,6 степени во населеното место Сеферихисар и градот Измир: Има срушени згради
deprem izmir.jpg
deprem izmir 2.jpg
izmir deprem.jpg
izmir deprem.jpg

Денеска во попладневните часови се случи земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтеровата  во Егејското Море во близина на населеното место Северихисар кај градот Измир, во Егејската област на Турција.

Управата за  елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека во 14:51 часот по локално време е регистриран земјотресот во водите на Егејското Море, на 17 километри од брегот на населеното место Северихисар, кај градот Измир.

Како што се истакнува земјотресот се случил на длабочина од 16,54 километри и бил почувствуван во едно широко подрачје на градот Измир, околните градови и дури и во Истанбул.

Според првични добиени информации, во земјотресот животот го загубија 4 лица, а повеќе од 152 лица се повредени.

Во општините Борнова и Бајракли се срушени некои згради.

Од рушевините на една од тие срушени згради во општина Бајракли се извадени 4 повредени лица.

Валијата на Измир Јавуз Селим Ќошгер информира дека од под рушевините на срушените згради досега се извадени и спасени приближно 70 лица.

По земјотресот во населеното место Сеферихисар дојде до покачување на нивото на морето и некои улици и патишта останаа под вода.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, веднаш по вестите за земјотресот ја достави својата поддршка на погодените граѓани.

Претседателот Ердоган истакна дека државата со сите можности и ресурси со коишто располага е покрај погодените граѓани од земјотресот и дека сите надлежни институции и министерства стапија во акција за поддршка и помош.

Портпаролот на на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Со поддршка до нашите граѓани кои претрпеа штета во земјотресот што се случи во близина на Измир. Нашата држава стапи во акција и е ангажирана со сите свои институции. Од животно значење е да се почитуваат упатствата на надлежните институции за да се помогне во активностите за пребарување и спасување.“

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во споделената објава исто така на социјалната мрежа Твитер ја достави својата поддршка до сите граѓани погодени од земјотресот.

„Интензивно започнаа активностите за утврдување на штетите и за кревање на рушевините од срушените згради. Нашата држава е покрај нашиот честит народ со сите свои институции и организации.“ - истакна Алтун.

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум во врска со земјотресот рече: „Добивме информации за 5 срушени згради во Борнова и Бајракли. Има граѓани кои се затрупани под рушевините. Во склопот на Губернијата е формиран Координационен центар за елементарни непогоди. Сите наши министерства, АФАД се упатени и ангажирани во Измир и околните населени места. Со мобилизација на сите наши екипи на брз начин ќе ги санираме раните на нашите граѓани.“ 

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу ги сподели следните информации: „Досега се пријавени 6 срушени згради во општините Борнова и Бајракли во Измир. Во Ушак, Денизли, Маниса, Баликесир, Ајдин и Мугла (околни градови на Измир) во зградите има помали пукнатини и досега нема информации за човечки загуби.“

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу истакна дека по земјотресот не беа доживеани било какви проблеми од аспект на сообраќајот и комуникацијата.

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез информира дека по земјотресот во Измир се упатени екипи на министерството кон погоденото подрачје.

Министерот Донмез рече: „Нашите екипи се на терен за да не дојде до било какви прекини или проблеми во врска со снабдувањето со енергија.“

Градоначалникот на Измир Тунч Сојер истакна дека моментално немаат соодветни точни информации и дека добиле само некои пријави за 20-сетина срушени згради.

„Добивме некои пријави. Се срушија згради особено во Бајракли и Борнова. Се обидуваме да добиеме информации околу тоа. Не поседуваме информации за загуба на животи. Сега сме на пат. Добивме пријава дека се срушиле 20 згради. Се обидуваме да стигнеме до Бајракли. Како што се гледа, најкритични места се Бајракли и Борнова“ - рече Тунч Сојер.

Во една повеќеспратна зграда којашто е срушена во земјотресот во населеното место Бајракли во Измир се започнати активностите за пребарување и спасување меѓу рушевините.

Валијата на Истанбул Али Јерликаја во споделената објава на својот профил на социјалната медија истакна дека земјотресот е почувствуван и во Истанбул и го напиша следното: „Не се добиени било какви негативности во врска со земјотресот којшто е почувствуван и во Истанбул. Ја изразуваме нашата солидарност со сите наши граѓани и со Измир.“

Според вестите објавени на интернет страницата на  Управата за  елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), по главниот потрес почнувајќи од 15:01 часот по локално време се евидентирани голем број последователни потреси со јачина од 4,1 до 4,8 степени.

Надлежни истакнуваат дека земјотресот е почувствуван и во градовите Едирне, Киркларели и Текирдаг во Тракија коишто всушност се прилично далеку од епицентарот на земјотресот.

 



Слични вести