Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 8 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализирана прекугранична воздушна операција во областа Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани 8 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1518506
Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 8 терористи

Во реализирана прекугранична воздушна операција во областа Гара во северниот дел на Ирак, се неутрализирани 8 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои се подготвувале за терористички напад.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека со одлучност продолжуваат операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во соопштението се вели следното: „Со реализирана воздушна операција во областа Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани 8 терористи на ПКК, кои се утврдени со летала за извидување и набљудување и за кои е установено дека се подготвувале за напад.“

 



Слични вести