Во Катар со учество и на Турција заврши воената вежба „НАСР 2020“

Министерството за одбрана на Катар соопшти дека заврши воената вежба „НАСР 2020“ организирана од страна на Вооружените сили на Катар на која учествуваше и Турција

1518363
Во Катар со учество и на Турција заврши воената вежба „НАСР 2020“

Заврши воената вежба „НАСР 2020“ организирана од страна на Вооружените сили на Катар на која учествуваше и Турција.

Според објавеното писмено соопштение од Министерството за одбрана на Катар, на церемонијата што се одржа по повод успешното завршување на воената вежба „НАСР 2020“ присуствуваа и началникот на Генералштабот на Катар генерал потполковник Ганим бин Шахин ал-Ганим, амбасадорот на Турција во Доха Мехмет Мустафа Ѓоксу и високи воени команданти.

Директорот на воената вежба генерал мајор Хамед бин Ахмед ал-Наими во говорот што го одржа на церемонијата истакна дека воената вежба „НАСР 2020“ е реализирана со сите единици на воените сили на Катар и со учество на група воени сили на Турските вооружени сили (ТВС). 

Наими рече дека воената вежба „НАСР 2020“ започна на 30 јуни и помина низ неколку фази, а воедно напомена дека Катарските вооружени сили располагаат со сила на силно и ефикасно планирање и применување на заеднички операции.



Слични вести