Претседателот Ердоган ги посети Џамијата „Таксим“ и Културниот центар „Ататурк“ во Истанбул чија изградба продолжува

Претседателот Ердоган истакна дека изградбата на Џамијата „Таксим“ се предвидува да заврши во текот на месецот Рамазан (од 13 април до 12 мај), а изградбата на Културниот центар „Ататурк“ (АКМ) би можела да стаса за крајот на месец јуни 2021 година

1518838
Претседателот Ердоган ги посети Џамијата „Таксим“ и Културниот центар „Ататурк“ во Истанбул чија изградба продолжува

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска ги посети Џамијата „Таксим“  и Културниот центар „Ататурк“ (АКМ) во квартот Таксим, во Истанбул, чии градбени работи продолжуваат.

По оваа остварена посета, претседателот Ердоган одговараше на прашањата на новинарите и притоа истакна дека изградбата на Џамијата „Таксим“ се предвидува да заврши во текот на месецот на муслиманскиот пост Рамазан (од 13 април до 12 мај), а изградбата на Културниот центар „Ататурк“ (АКМ) би можела да стаса за крајот на месец јуни 2021 година.

При посетата на местото каде што се гради Џамијата „Таксим“, претседателот Ердоган беше информиран од надлежните во врска со градбените работи на џамијата и за текот на процесот на изградба.

„Во врска со Џамијата Таксим моментално сум информиран во однос на тоа дека изградбата ќе стаса во текот на месецот Рамазан (месецот на муслиманскиот пост). Во врска со овдешната изградба, прашањето на „АКМ“ (Културниот центар Ататурк) пак, се има за цел изградбата да стаса за крајот на шестиот месец (јуни) 2021 година. И за тоа министерот за култура и туризам ги презема сите работи.“ - рече претседателот Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се осврна и на веста за смртта на Месут Јилмаз, еден од поранешните премиери, во врска со што го рече следното: „Го изразувам моето сочувство до целото негово семејство, на чело на сопругата (на покојниот Месут Јилмаз). Посакувам милост од Аллах.“



Слични вести