Познати добитниците на Големите претседателски награди за култура и уметност за 2020 година

Добитници на Големите претседателски награди за култура и уметност за 2020 година се Мехмет Чеби, Неџмеддин Окјај, Садеттин Октен, Исмаил Кара, Ибрахим Тенекеџи, Дервиш Заими и Оздемир Ердоган

1518731
Познати добитниците на Големите претседателски награди за култура и уметност за 2020 година

Соопштени се имињата добитници на Големите претседателски награди за култура и уметност за 2020 година.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, завршени се работите коишто беа водени со голема внимателност и претпазливост за утврдување на годинашните добитници на Големите претседателски награди за култура и уметност коишто се доделуваат секоја година на лица и институции кои имаат значаен придонес во турскиот културен и уметнички живот, работат за издигнување на културата и уметноста на Турција и кои презентираат голема способност со своите оригинални дела и услуги, а со цел да им се придаде чест и да се поттикнуваат во нивните понатамошни остварувања.

Во рамките на Големите претседателски награди за култура и уметност наградата во сферата на колекционерството му е доделена на Мехмет Чеби, а наградата за верност е одлучено да му се додели на Неџмеддин Окјај.

Наградата во сферата на историјата на културата му е доделена на Садеттин Октен, во сферата на социјалните науки на Исмаил Кара, во книжевноста на Ибрахим Тенекеџи, во кинематографијата на Дервиш Заим, а во сферата на музиката на Оздемир Ердоган.

Големите претседателски награди за култура и уметност за 2020 година ќе им бидат доделени на добитниците од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, со церемонија којашто ќе се одржи во наредните денови.

Во меѓувреме, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој на својот профил преку социјалната мрежа Твитер им честита на добитниците на  Големите претседателски награди за култура и уметност за 2020 година.



Слични вести