Пораки со поддршка од ЕУ и Азербејџан до Турција по земјотресот во Измир

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и азербејџанскиот министер за вонредни состојби Кемаледдин Хајдаров изразија спремност за доставување поддршка на Турција по земјотресот во населеното место Сеферихисар кај градот Измир

1519055
Пораки со поддршка од ЕУ и Азербејџан до Турција по земјотресот во Измир
haydarov.jpg

Претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека неговото срце е со погодените од земјотресот во Измир и го напиша следното: "Ги следиме одблизу случувањата во врска со силниот земјотрес во Егејското Море во близина на Грција и Турција."

"Европската унија (ЕУ) е спремна за доставување помош." - рече Шарл Мишел. 

Азербејџанскиот министер за вонредни состојби Кемаледдин Хајдаров, исто така по веста за земјотресот во близина на населеното место кај градот Измир го побара по телефон министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Според добиени информации од дипломатски извори, азербејџанскиот министер за вонредни состојби Хајдаров во телефонскиот разговор велејќи "Нека е со помин" ја доставил својата поддршка до министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Хајдаров воедно истакна дека се спремни да ја достават секој вид поддршка и помош на Турција.

Инаку, Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека денеска во попладневните во 14:51 часот по локално време е регистриран земјотресот во водите на Егејското Море, на 17 километри од брегот на населеното место Северихисар кај градот Измир.

Земјотресот на длабочина од 16,54 километри и со јачина од 6,6 степени според Рихтер, беше почувствуван во едно широко подрачје на градот Измир и во околните градови, па дури и во Истанбул.

Во населеното место Сеферихисар и во општините Борнова и Бајракли се срушени некои згради.

Според добиени информации од Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), досега во земјотресот животот го загубија 12 лица, а повеќе од 438 лица се повредени. 

 



Слични вести