Министерот Мустафа Варанк: Турската индустрија се докажа себе сѝ во периодот на епидемијата на Ковид-19

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк истакна дека турската индустрија се докажа себе сѝ во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1518752
Министерот Мустафа Варанк: Турската индустрија се докажа себе сѝ во периодот на епидемијата на Ковид-19

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во дадената изјава во градот Бурса истакна дека турската индустрија се докажа себе сѝ во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Варанк рече: „Турската индустрија се докажа себе сѝ во пандемијата. Со нејзиниот капацитет за интервенција при итни состојби ја покажа својата сила. Докажа како би можеле да се развијат иновативни решенија во тешки денови.“

„Во наредните месеци ќе реализираме значајни потфати за земање поголем дел од глобалните синџири на вредности и посилно привлекување на странските инвестиции во нашата земја. Со Канцеларијата за инвестирање на претседателството ја подготвуваме Стратегијата за директни странски инвестиции на нашата земја.“ - информира министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк.



Слични вести