Благодарност од Чавушоглу до колегите од различни земји за честитките по повод 29 Октомври - Празникот на Републиката

Министерот за надворешни работи Мевлут Чвушоглу им се заблагодари на своите колеги од различни земји за испратените пораки по повод одбележувањето на 29 Октомври - Празникот на Републиката, на 97 годишнината од формирањето на Република Турција

1518458
Благодарност од Чавушоглу до колегите од различни земји за честитките по повод 29 Октомври - Празникот на Републиката

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу им се заблагодари на своите колеги од различни земји кои преку социјалните медиуми и го честитаа на Турција 29 Октомври - Празникот на Републиката. 

Мевлут Чвушоглу, за испратените искрени пораки со честитки по повод одбележувањето на 97 годишнината од формирањето на Република Турција им се заблагодари на министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкевичиус, министерот за надворешни работи на Малдивите Абдула Шехид, министерот за надворешни работи на Азербејџан Џејхун Бајрамов, на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, грузискиот министер за надворешни работи Давид Залкалиани, пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши, министерот за надворешни работи на Венецуела Хорхе Ареаза, сомалискиот министер за надворешни работи Ахмед Иса Авад, на министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи и министерот за надворешни работи на Летонија Едгарс Ринкевич.

 



Слични вести