Специјално видео од Министерството за национална одбрана по повод 29 Октомври - Празникот на Републиката

Споделеното видео од страна на Министерството за национална одбрана почнува со зборовите „Републиката е да се истрела првиот куршум на патот на слободата, без страв од смртта...“

1517941
Специјално видео од Министерството за национална одбрана по повод 29 Октомври - Празникот на Републиката

Министерството за национална одбрана на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели специјално видео по повод одбележувањето на 29 октомври - Празникот на Републиката, 97 годишнината од формирањето на Република Турција.

Во видеото се вели следното: „На нашата 97. годишнина којашто се протега од патот на независноста до патот на иднината, со почит и благодарност коишто никогаш нема да пресушат до основоположникот на нашата Република Гази Мустафа Кемал Ататурк и неговите соборци и до нашиот јуначки народ... Нека ни е честит Празникот на Републиката..!“

Споделеното видео почнува со зборовите „Републиката е да се истрела првиот куршум на патот на слободата, без страв од смртта...“

По снимките на кои зазема место Гази Мустафа Кемал Ататурк се прикажуваат снимки и на елементите на Турските вооружени сили (ТВС).

„Републиката, е неустрашно да се биде во Сината татковина, знаејќи притоа дека оној кој ќе завладее со морињата ќе завладее со светот. Републиката е со нашите челични крилја да му влееме доверба на пријателот, страв на непријателот. Републиката, е подавајќи им рака на невините луѓе да се влева надеж, без притоа да се остане индиферентен на сето она што се случува наоколу. На нашата 97. годишнина којашто се протега од патот на независноста до патот на иднината, со почит и благодарност коишто никогаш нема да пресушат до основоположникот на нашата Република Гази Мустафа Кемал Ататурк и неговите соборци и до нашиот јуначки народ... Нека ни е честит Празникот на Републиката..!“ - се вели во објавеното специјално видео по повод одбележувањето на 29 октомври - Празникот на Републиката, 97 годишнината од формирањето на Република Турција.

 



Слични вести