Соопштение со осуда од МНР на Турција против нападот со нож во францускиот град Ница

Во објавеното соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека жестоко се осудува извршениот напад со нож во црквата „Notre-Dame de Nice“ во градот Ница, во Франција, во кој животот го загубија 3 лица

1518157
Соопштение со осуда од МНР на Турција против нападот со нож во францускиот град Ница

Турција го осуди извршениот напад со нож во градот Ница, во Франција, во кој животот го загубија 3 лица,

Во објавеното соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека жестоко се осудува извршениот напад со нож во црквата „Notre-Dame de Nice“ во градот Ница, во Франција.

Во соопштението на Министерството се вели следното: „Го изразуваме нашето сочувство до блиските на загинатите во нападот, на повредените им посакуваме пообрзо оздравување. Ниту една причина не може да го оправда посегнувањето по животот на еден човек, да го легитимизира насилството. Оние кои извршуваат еден ваков напад во едно свето место за богослужба, отворено е дека немаат ништо во себе од религија, човештво (хуманост) и морални вредности.“

Во соопштението се нагласува дека Турција која води борба против различни видови на тероризам и која има изгубено и губи голем број свои граѓани поради тероризмот, е во солидарност со францускиот народ, а пред се со жителите на градот Ница, против тероризмот и насилството.

Инаку, во извршениот напад со нож во една црква во градот Ница, во Франција, животот го загубија 3 лица, а голем број лица беа повредени.



Слични вести