Протест во Анкара против Франција од страна на голем број различни граѓански организации

Претставниците и членовите на голем број различни граѓански организации кои се собраа пред амбасадата на Франција во Анкара извикуваа слогани против францускиот претседател Емануел Макрон и Франција

1517812
Протест во Анкара против Франција од страна на голем број различни граѓански организации

Претставници и членови на голем број различни граѓански организации кои се собраа во Анкара ја осудија Франција поради нејзиниот став со кој се цели против муслиманскиот божји пратеник Хазрети Мухамед (с.а.в.с.) и муслиманите.

Претставниците и членовите на граѓанските организации кои се собраа пред амбасадата на Франција во Анкара извикуваа слогани против францускиот претседател Емануел Макрон и Франција.

Насобраните извикуваа текбири и салавати, а воедно носеа и транспаренти на кои пишуваше „Главната неволја на светот Макронавирус“, „Фашизмот е уметноста на Европа“, „Со нашата суштина, со нашите зборови, со целото наше битие чекориме по трагата на нашиот божји пратеник Пејгамберот“.

Потоа беше прочитано соопштение во име на учесниците на протестот во кое се истакнува дека муслиманите се припадници на верување со коешто приоѓаат со љубов (ги сакаат и почитуваат) и другите божји пратеници, а не само нивниот божји пратеник Хазрети Мухамед.

Во соопштението се укажува дека со започнатите кампањи со непочитување кон божјиот пратеник Хазрети Мухамед се цели против сите муслимани и против претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, а воедно се вели дека ова непријателство неминовно на крајот ќе ги зафати и оние од чија страна се водат.

Во соопштението се додава следното: „Уште еднаш подвлекуваме дека, единственото што го бараме е да се покаже почит кон нашата религија, нашите врендости, нашиот божји пратеник Пејгамберот, нашиот народ и нејзиниот претставник нашиот почитуван претседателот. /.../ Во тие рамки, ги повикуваме на искрена пресметка сите европски земји кои ги зголемуваат расизмот и непријателството кон исламот (исламофобијата), а пред се Франција. Ние како муслимани кои муслиманскиот божји пратеник Пејгамберот го сакаме повеќе и од нашето срце, жестоко ја осудуваме Франција поради непочитувањето коешто го поттикнува и отворените провокации коишто ги води.“



Слични вести