Претседателот Ердоган: Нашата најголема сила е нашето историско наследство

Претседателот Ердоган истакна дека борбата на турскиот народ за независност нема да заврши се додека продолжи да застанува во одбрана на својата татковина, своето знаме, својот езан и напомена дека историското наследство е најголемата сила на земјата

1518253
Претседателот Ердоган: Нашата најголема сила е нашето историско наследство

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на програмата по повод отворањето на „Изложбата на Националната борба на 97 годишнината на Републиката“ во Народната библиотека „Миллет“ во Анкара, кадешто истакна дека борбата на турскиот народ за независност нема да заврши се додека продолжи да застанува во одбрана на својата татковина, своето знаме, својот езан.

Подвлекувајќи дека историското наследство е најголемата сила на земјата, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Без зачувување на ова наследство со правото коешто го заслужува, не може да се разбере ниту 15 јули (обидот за пуч во 2016), ниту вредноста на нашата Република.“

Претседателот Ердоган напомена дека се потсеќа со почит на секој оној кој има вложено труд во развојот, растот на земјата од формирањето на Републиката до денеска и го рече следното: „Формирајќи ја нашата Република ние го стишивме огнот за независност во срцето на голем број угнетени. Всушност ова е и стравот на империјалистите. Духот којшто е симбол на издигнувањето на нозе на народот за кој се водеа обиди за негово целосно бришење од историјата и географијата на која живее, и денеска продолжува да го осветлува нашиот пат. Со борбата којашто ја водиме им влеваме надеж на безброј угнетени и оштетени луѓе.“

Велејќи „Она коешто го доживеавме ни покажува дека борбата на турскиот народ за независност нема да заврши се додека продолжи да застанува во одбрана на својата татковина, своето знаме, својот езан“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: „Нашата кауза е да не се скршне од правото и независноста на Турција. Нашата земја ќе ја носиме во 2023, 2053, 2071 година. Одговорноста којашто ни ја налагаат нашата цивилизација и нашата историја е тешка, меѓутоа таа е толку и достоинствена.“

Претседателот Ердоган додаде дека доаѓа една генерација којашто наново се потсеќа, ја открива, прегрнува својата сопствена историја.



Слични вести