Порака со честитка од Илхам Алиев по повод 29 Октомври - Празникот на Републиката

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев со пофалби се осврна на политичката поддршка на претседателот Ердоган на Азербејџан по прашањето на Нагорно Карабах и истакна дека двата пријателски и братски народи и во иднина ќе бидат еден покрај друг

1518175
Порака со честитка од Илхам Алиев по повод 29 Октомври - Празникот на Републиката

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го побара по телефон претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и му го честита 29 Октомври - Празникот на Републиката.

Според објавеното соопштение од претседателството на Азербејџан, претседателот Алиев со пофалби се осврна на политичката поддршка на претседателот Ердоган на Азербејџан по прашањето на Нагорно Карабах и истакна дека двата пријателски и братски народи и во иднина ќе бидат еден покрај друг.

Претседателот Ердоган исто така му се заблагодари на Илхам Алиев за посветеното внимание и за честитката, а воедно ги испрати своите поздрави и добри желби до азербејџанскиот народ.

Ердоган нагласи дека пријателскиот и братски турски и азербејџански народ секогаш ќе бидат еден покрај друг.

Двајцата лидери, Ердоган и Алиев во телефонскиот разговор ги разгледаа и билатералните односи и регионалните прашања.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и претходно на своите профили на социјалните медиуми Твитер и Фејсбук му го честита на турскиот народ 29 Октомври - Празникот на Републиката.

Алиев во споделената порака истакна дека Азербејџан и Турција се „еден народ, две држави“. 

Во споделената објава на којашто едно покрај друго се виорат азербејџанското и турското знаме се вели следното: „Му честитаме на братскиот турски народ.“

Во меѓувреме, и првата потпретседателка на Азербејџан Михрибан Алиева на своите профили преку социјалните медиуми му го честита на турскиот народ 29 октомври - Празникот на Републиката.

Велејќи дека Азербејџан и Турција располагаат со доверливи и силни пријателски и братски врски, Михрибан Алиева го истакна следното: „Стануваме сведоци на тоа колку сме радосни со нашите успеси и победи. Гледаме како ја споделувате нашата болка. Сето тоа ја покажува силата на единството, пријателството и искреноста помеѓу Азербејџан и Турција. Да бидат вечни и непотресни пријателството и братството на нашите народи? На турскиот народ му посакувам здравје, радост и мир. Семоќниот Бог да ги чува нашите народи.“



Слични вести