Порака од претседателот на Собранието Мустафа Шентоп по повод 29 Октомври - Празникот на Републиката

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп појасни дека поаѓајќи од ова големо наследство на Ататурк, народот, народната волја и нивните одлуки, ќе продолжи да се напредува со големи и сигурни чекори кон иднината

1517997
Порака од претседателот на Собранието Мустафа Шентоп по повод 29 Октомври - Празникот на Републиката
mustafa sentop.jpg
fuat oktay.jpg

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп објави порака по повод одбележувањето на 97 годишнината од прогласувањето на Републиката.

Шентоп во пораката на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги напиша следното: „Републиката, која со секој поминат ден трча кон уште поголеми цели и на чие воздигнување целиот свет гледа со завист, денеска има точно 97 години.“

Потсетувајќи дека Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) веднаш по крунисувањето со победи на Националната борба која е запишана како славна епопеја во историјата и која е редок пример на еланот и одлучноста на народот, фрли потпис на уште една голема одлука со којашто и е придаден еден нов тек на историјата, Мустафа Шентоп истакна дека со прогласувањето на Републиката на 23 октомври 1923 година пред точно 97 години Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) на својата квалификација како срце и главен штаб на Националната борба и ја додаде и привилегијата да стане и основач.

Шентоп појасни дека поаѓајќи од ова големо наследство на Ататурк, народот, народната волја и нивните одлуки, ќе продолжи да се напредува со големи и сигурни чекори кон иднината.

„Во овој радосен и воодушевувачки ден којшто го споделуваме заедно со народот, со милост и благодарност се сеќаваме на основоположникот на нашата држава Гази Мустафа Кемал Ататурк, нашите јуначи за независност и слобода, нашите честити шехиди и газии, ја честитам 97 годишнината од прогласувањето на Републиката.“ -  истакна претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во објавената порака по повод одбележувањето на 97 годишнината од прогласувањето на Републиката.

Потпретседателот Фуат Октај исто така на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава по повод 29 Октомври - Празникот на Републиката.

Октај во објавата напиша: „Нека ни е честит 29 октомври, Празникот на Републиката. Републиката ја зедовме аманет од оние кои ја формираа по цена на своите животи, со ова верување и приврзаност ќе застанеме вечно во нејзина одбрана. 97 години верно застануваме во одбрана на нашата независност, со гордост чекориме кон 100 годишнината на Републиката.“

 



Слични вести