29 Октомври - Празникот на Републиката се одбележува со прослави и церемонии

Првата церемонија по повод 29 октомври Празникот на Републиката се одржа во мавзолејот на основоположникот на Република Турција големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк „Аниткабир“, во главниот град Анкара

1517896
29 Октомври - Празникот на Републиката се одбележува со прослави и церемонии

Како секоја година така и оваа година 29 Октомври - Празникот на Републиката се слави со голема радост, церемонии и  со прослави во целата земја, во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и во надворешно-конзуларните претставништва на Турција ширум светот.

Првата церемонија по повод 29 октомври Празникот на Републиката се одржа во мавзолејот на основоположникот на Република Турција големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк „Аниткабир“, во главниот град Анкара.

Државната делегација на чело со претседателот Реџеп Тајип Ердоган и претставниците на политичките партии го посетија мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ кадешто беше поставен венец на неговиот гроб.

Потоа претседателот Ердоган се потпиша во спомен книгата на мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ кадешто го напиша следното: „Нападите од надвор и од внатре за спречување на патот на нашата земја, го зајакнуваат нашиот елан за борба, уште повеќе ја зголемуваат нашата одлучност. Охрабрени од нашето славно минато исполнето со победи, во единство, заедништво и братство ќе продолжиме заедно да чекориме кон нашата заедничка иднина.“

Потоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара ќе ги прими честитките.

Претседателот Ердоган, по повод 29 октомври Празникот на Републиката се очекува во претседателската палата да ја отвори и „Изложбата Националната борба.“

Прославите во Анкара ќе продолжат со конвојот т.е. „Кортежот Празник на Републиката“.

Маршот на свечената поворка ќе започне од Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и ќе заврши пред Првото Собрание во квартот Улус.

Пред маршот ќе се одржи концерт на воениот оркестар.

По повод прославите на 29 октомври Празникот на Републиката некои главни улици во главниот град Анкара ќе бидат затворени за сообраќај.

Прославите нема да завршат и со тоа.

Во организцаија на одделот за комуникации на пртесдателството во античкиот град Патара кај Анталија ќе се одржи концерт и на претседателскиот симфониски оркестар под името „Голем концерт на Републиката“ којшто ќе започне во 19:23 часот по турско време.

Освен тоа, во Средоземното Море со 97 нуркачи ќе се приреди и специјален подводен светлосен спектакл.

 



Слични вести