Собранието на Турција го усвои одобрението со кое се проколнува Макрон

Ги повикуваме разумните идејни лидери, политичари, мислители, уметници и општествени заедници во светот да застанат против овие грдни ставови и да бида на страната на мирот

1517080
Собранието на Турција го усвои одобрението со кое се проколнува Макрон

 

Генералното заседание на Големото национално собрание на Турција (ТБММ) го усвои одобрението  со кое Претседателството на Собранието го осудува и проколнува претседателот на Франција, Емануел Макрон во врска со антиисламските изјави.

Во одобрението, во кое сите се повикуваат на здрав разум против антиисламските ставови на Макрон, беше истакнато следното:

"Во својство на претставници на сите политички партии претставени во Големото национално собрание на Турција, го откриваме, осудуваме и проколнуваме провокативниот, нереспектен и опасен став на францускиот претседател Емануел Макрон против исламот, неговиот божји пратеник Мухамед и ги повикуваме разумните идејни лидери, политичари, мислители, уметници и општествени заедници во светот да застанат против овие грдни ставови и да бидат на страната на мирот.

Во одобрението беше подвлечено следното: „Поентата на која треба да се посвети сериозно внимаие е дека токсичната клима што доведе до трансформација на реториката на демократијата, човековите права, владеењето на правото и плурализмот во расизам и анти-исламизам не е единствен пример, туку се стекна со легитимитет и распространетост преку шефовите на држави и некои политичари и на тој начин почна се помасовно да се шири“.



Слични вести