Ердоган: „За нас е прашање на чест да застанеме искрено против нападите врз божјиот пратеник“

Франција и воопшто Европа не ја заслужуваат оваа злобна, провокативна, грда, политика на омраза на Макрон

1517639
Ердоган: „За нас е прашање на чест да застанеме искрено против нападите врз божјиот пратеник“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со карикатурите преку кои се исмејува божјиот пратеник на муслиманите Мухамед во Европа рече:

„За нас е прашање на чест да застанеме искрено против нападите врз божјиот пратеник“.

Претседателот на републиката и претседател на Партијата за правда и развој (АК Партија) Ердоган во говорот на седницата на пратеничката група во Големото национално собрание на Турција рече:

„Што сум јас, не треба да зборам ништо за нечесните кои толку многу го навредуваат мојот сакан божји пратеник, најсаканиот меѓу саканите.

Слушнав дека ме ставиле за мета со карикатури. Не ни погледнав затоа што сметав дека е сурово дури и да се кредитираат ваквите неморални публикации за да се види што прават. За жал, поминуваме низ период кога непријателството кон исламот и муслиманите, непочитувањето кон божјиот пратеник, особено меѓу владетелите во Европа, се шири како рак.

Франција и воопшто Европа не ја заслужуваат оваа злобна, провокативна, грда, политика на омраза на (францускиот претседател Емануел) Макрон и оние кои го делат неговиот начин на размислување.

Ги повикувме разумните Европејци да преземат иницијатива против овој опасен тренд за посветла иднина за нив и за своите деца“ рече Ердоган.

Во врска со минатонеделната полициска рација на џамијата Мевлана во Берлин, главниот град на Германија, Ердоган рече:

„Канцеларката (Ангела) Меркел не може да ми објасни како и на кој начин околу 100-150 германски полицајци влегоа во џамијата Мевлана во Германија за време на утринската молитва.

Муслиман не може да биде терорист, а терорист не може да биде муслиман“ рече Ердоган.



Слични вести