Ердоган: „Рускиот напад на Идлиб претставува јасен показател дека не сакаат траен мир и спокојство“

Новата структура на САД по должината на границата на Сирија со Иран е предвесник на нови конфликти и трагедии

1517572
Ердоган: „Рускиот напад на Идлиб претставува јасен показател дека не сакаат траен мир и спокојство“

 

Претседателот Реџеп Таjип Ердоган рече: „Рускиот напад врз силите на сириската национална армија во регионот Идлиб претставува јасен показател за тоа дека не е сака траен мир и спокој во регионот“.

Претседателот Ердоган кој истовремено е и лидер на неговата Партија на правдата и развојот, одржа говор на состанокот на пратеничката група во Големото национално собрание на Турција.

„Само Турција се бори против ДЕАШ (ИСИЛ)“ рече Ердоган.

„Рускиот напад врз силите на сириската национална армија во регионот Идлиб претставува јасен показател за тоа дека не е сака траен мир и спокој во регионот“.

Во врска со новата структура којашто Соединетите Американски Држави (САД) се обидуваат да ја воспостават по должината на граница на Сирија со Иран е предвесник на нови конфликти и трагедии.

Уште еднаш повторувам дека ако се исполнат ветувањата што ни се дадени и овие терористи не бидат изнесени надвор од линијата што ја поставивме, имаме легитимна причина да дејствуваме според потребите.

Ако треба, моќта на Турција е доволна да ја исчисти цела Сирија  од терористичка организација“ подвлече Ердоган.

„Нашата единствена цел е да ја обезбедиме сопствена безбедност, да обезбедиме мир и благосостојба на сирискиот народ. Освен тоа, ние немаме никави претензии кон териториите или нафтата на другите земји“.

Силите кои си поигруваат со терористичката организација ДЕАШ која се вгнезди на сириска територија,  а кои немаат моќ за борба како Турција, веќе да ја напуштат средината на играта.

Дојде време да се ослободиме од притисокот врз овие древни територии кои веќе еден век се поле за игра на империјалистите“ рече претседателот Ердоган.

Претходниот ден руските воени авиони го погодија кампот за обука на умерени дисиденти во Идлиб во Сирија, во кој загинаа голем број опозициски војници.



Слични вести