Ердоган: „Нашата земја ќе продолжи да се раководи по зацртаниот пат“

Како што нашата нација во периодот на народноослободителната борба, се обедини и денес својата иднина ја гради во единство, солидарност и братство

1517523
Ердоган: „Нашата земја ќе продолжи да се раководи по зацртаниот пат“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да се раководи според својата агенда и зацртаниот пат.

Претседателот Ердоган објави порака по повод 29 Октомври, Денот на Републиката.

Ердоган, во порака по повод Денот на републиката рече:

„Во време кога се подготвуваме да ја одбележиме 100-та годишнина од прогласувањето на Републиката, решително продолжуваме по нашиот пат со цел да ги постигнеме предвидените цели за 2023 година.

Како што нашата нација во периодот на народноослободителната борба, се обедини и денес својата иднина ја гради во единство, солидарност и братство.

Сите оние коишто се вознемируваат од самостојното чекорење и волјата на Турција, исто така нивните зборови и постапки веќе немаат никакво значење.

Нашата земја ќе продолжи да се раководи според сопствената визија и својата агенда, без оглед кој зборува и што прави.

Ние сме решени да ги постигнеме нашите цели на ист начин како што основачката волја на народот ја спаси оваа татковина од окупација  и ги урна плановите на светот“.



Слични вести