Челик го критикуваше Макрон за политичките ставови и поддршката на тероризмот

по распадот на политиката на Макрон во Либија,  целта на неговиот политички став се претседателот Реџеп Тајип Ердоган и Турција

1517082
Челик го критикуваше Макрон за политичките ставови и поддршката на тероризмот

 

Портпарол на Партијата за правда и развој (АКП) Омер Челик рече дека  „Изјавата на (францускиот претседател Емануел) Макрон (против исламот) обезбедува идеолошка муниција и логистика на (терористичките) организации како што е ДЕАШ (ИСИЛ).

Омер Челик за врема на состанокот на Централно одлучувачкиот и управен одбор (МКЈК) на неговата партија направи проценка на случувањата.

Челик рече дека по распадот на политиката на Макрон во Либија,  целта на неговиот политички став се претседателот Реџеп Тајип Ердоган и Турција.

Потсетувајќи дека Макрон пред Советот на министрите под името „борба против исламскиот радикализам“ ќе изнесе закон за тероризам, Челик рече дека „тој зборува за некаков француски ислам. Тој смета дека религиите може да ги трансформира како што сака и преку некое инженерско манипулирање луѓето ќе може да ги трансофрмира во различни форми. Во суштина, сите овие зборови се пристапи што предизвикуваат расизам, злосторство од омраза, исламофобија и антисемитизам“.

Омер Челик во продолжение рече дека „Изјавите и зборовите на Макрон обезбедуваат идеолошка муниција и логистика за организациите како што е ДЕАШ (ИСИЛ). Европските муслимани се составен дел од европските демократски општества и заедници и без нив незамисливо е едно европско општество. Тие заслужуваат да бидат третирани со почит и прецизност на овој начин“.



Слични вести