Повик до Турција до Групата Минск

Со цел напорите на копретседавачите на групата Минск да дадат конкретни резултати, треба да се земат во предвид прекршувањата на Ерменија, одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) и да започнат преговори насочени кон постигнување трајно

1516774
Повик до Турција до Групата Минск

 

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој, копретседавачите на Групата Минск ги повика „да иницираат резултатски ориентиран процес на преговори со цел трајно решение“ со цел да се одржи примирјето меѓу Азербејџан и Ерменија кое беше објавено вчера.

Аксој објави писмен одговор на прашањето за прекинот на огнот кој вчера беше објавен меѓу Азербејџан и Ерменија, но кој Ерменија го прекрши за кратко време.

Потсетувајќи дека судирите коишто започнаа по ерменските напади врз Азербејџан, Аксој рече дека примирјето прогласено на 10 и 18 октомври, исто така беа прекршени од Ерменија и тоа за многу кратко време.

"Конечно, вчера како резултат на иницијативите на Соединетите Американски Држави, повторно беше прогласен прекин на огнот за да се овозможи размена на воени заробеници и труповите. За жал и овој прекин на огнот беше прекршен од страна на Ерменија и тоа само за неколку минути. Ерменија продолжи со нападите како на азербејџански позиции на фронтот исто така и врз цивилните цели во внагрешноста на Азербејџан кои далеку од зоната на конфликтот“.

Аксој подвлече на неопходноста за започнување на преговори насочени кон резултатите со цел прекинот на огнот да биде одржлив и рече: „Со цел напорите на копретседавачите на групата Минск да дадат конкретни резултати, треба да се земат во предвид прекршувањата на Ерменија, одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) и да започнат преговори насочени кон постигнување трајно решение во согласност со меѓународното право. Сметаме дека прекините на оган што беа прогласени можат да станат одржливи само на овој начин“.



Слични вести