Портпаролот Калин оствари телефонски разговор со О’Брајан

На средбата беа разменети мислења особено за прашањето Азербејџан-Ерменија, Сирија, регионалните прашања, безбедносната соработка и билатералните односи

1516833
Портпаролот Калин оствари телефонски разговор со О’Брајан

 

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин оствари телефонски повик со Советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Роберт Ц. О’Брајан.

Според соопштението  кое беше објавено од страна на портпаролството на кабинетот на претседателот, на средбата беа разменети мислења особено за прашањето Азербејџан-Ерменија, Сирија, регионалните прашања, безбедносната соработка и билатералните односи.

На средбата беше потенцирано дека се важни барањата решение за прашањето Карабах преку дипломатски патишта, а исто така беше наведено дека кршењето на прекинот на огнот и нападите насочени кон цивилното население од ерменска страна се косат со меѓународното право и се неприфатливи. Во Соопштението беше подвлечено следното:

„На средбата беше повторено дека за трајно и одржливо решение неопходно е Ерменија целосно да се повлече од окупираните територии во Нагорно Карабах и неговата околина. Исто така беше истакнато дека за постигнување на територијаниот итегритет на Азербејџан треба да се преземат конкретни чекори во рамките на резолуциите на СБ на ОН и Организацијата за безбеднст и соработка на Европа (ОБСЕ).

На средбата беше истакнато дека неодамнешниот раст на нападите на режимот и неговите приврзаници во безконфликтната зона во Идлиб во Сирија предизвикуваат загриженост. Исто така беше нагласено дека за да не дојде до појава на можни нови кризи (во Сирија) треба да се почитува Меморандумот од 5 март (за прекин на огнот потпишан меѓу Русија и Турција) како и потребата да се поддржат активностите за формирање нов устав и процесот на политичко решавање“.



Слични вести