Полицијата во Хатај спречи терористички напад

Првиот терорист се разнесе, а другиот терорист беше фатен со успешната операција по инцидентот.

1516457
Полицијата во Хатај спречи терористички напад

Во Хатај, опрезноста на полицијата спречи голема катастрофа.

Полицијата во општината Искендерун на градот, почна да ги следи двајцата терористи за кои при претресот на контролната точка се стекна сомнение дека ќе извршат терористичка акција.

Во меѓувреме, се разнесе терорист кој се обиде да избега со автомобил.

Другиот терорист беше фатен со успешната операција по инцидентот.

Гувернерот на Хатај, Рахми Доган изјави дека 4 терористи на сепаратистичко-терористичката организација од Сирија дошле на планините Аманос и вчеравечер целосно биле неутрализирани.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со успешната операција рече: „Им честитам на нашите херојски безбедносни сили за успешната операција во борбата против тероризмот во Хатај“.

Ердоган, во објавата преку профилот на Твитер истакна: „Турција веќе не е земја која може да се дизајнира и зафати со овој вид напади“.



Слични вести