Ердоган: „Турската страна секогаш е за праведно, трајно и одржливо решение на Кипар“

Причина за напнатоста во регионот од 2003 година наваму е дуото Кипарските Грци и  Грција

1516463
Ердоган: „Турската страна секогаш е за праведно, трајно и одржливо решение на Кипар“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека турската страна е за фер, праведно, трајно и одржливо решение на Кипар.

Претседателот Ердоган по тет-а тет средбата со претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар кој првата официјална надворешна посета по изборот за претседател ја оствари на Турција одржа заедничка прес-конференција. Ердоган рече дека „Волјата на Турција за изнаоѓање и постигнување итно, трајно и одржливо решение на Кипар е постојана“.

Осврнувајќи се на моменталната состојба во Источниот Медитеран, претседателот Ердоган рече дека причина за напнатоста во регионот од 2003 година наваму е дуото Кипарските Грци и  Грција кое не ги слуша предупредувања и ги игнорира конструктивните сугестии од 2003 година. Ердоган во продолжение рече: „Бидејќи грчката страна, на Кипарско турскиот народ не гледа како на рамноправен партнер, тие не одговорија на повиците за соработка за поделба на приходите од јаглеводороди. Грчката страна продолжува да ги узурпира еднаквите права на кипарските Турци, на кои сакаат да гледаат како малцинство под нивно владеење. Впрочем на Кипар веќе има два одделни народи и две одделни држави“.

Честитајќи му на Татар за изборната победа, претседателот Ердоган рече дека изборите се одвиваа во транспарентна атмосфера и политичка зрелост што ја откриваат демократската култура на Кипарско турскиот народ и најави дека на 15 ноември ќе ја посети ТРСК.

Претседателот на ТРСК Татар пак рече дека „Ние немаме претензии кон правата на другите, но исто така никогаш нема да се согласиме со кршењето на правата и правото на нашиот народ и нашата нација“.



Слични вести