Ердоган: „Никогаш не купувајте француска стока “

Овие напади започнаа со охрабрувањето од страна на лидерот на Франција, на кого му е потребна душевна контрола

1516248
Ердоган: „Никогаш не купувајте француска стока “

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган повика на бојкот на Франција.

Ердоган во Националниот конгресен и центар за култура Бештепе во Анкара говореше на Програмата на отворање на Неделата на Мевлид-и Неби.

Претседателот Ердоган, во врска со исламофобичните напади што уследија по антиисламската реторика на францускиот претседател Емануел Макрон рече:

„Од тука ги повикувам светските лидери: Дојдете во Франција, ако има зулум и тиранија врз муслиманите, да излеземе во пресрет и да ги пегрнеме и нив.

Овие напади започнаа со охрабрувањето од страна на лидерот на Франција, на кого му е потребна душевна контрола. Од тука Ја повикувам мојата нација, никогаш не купувајте француска стока“.

Во освртот на минатонеделната полициска рација на џамијата Мевлана во Берлин, главниот град на Германија, Ердоган обраќајќи и се на канцеларката Ангела Меркел рече: „Нели кај вас имаше слобода на вероисповед, нели во вашата држава имаше гаранција за сите оние коишто ја живее својата вера или вероисповед? Како може на еден утрински намаз над 100 полицајци да нападнат една џамија? Дали вие досега слушнавте нешто спротивно за тоа од Турција? Не. Зошто, затоа што кај нас има вистинска слобода на религијата”.

Изразувајќи дека непријателство против исламот и муслиманството во некои европски земји станаа политика поддржана на ниво на шеф на државата, претседателот Ердоган рече: „Вие сте фашисти во вистинска смисла на зборот, вие сте буквално верижни врски на нацистите. На неодамнешните настани во последно време, безобразноста  изнесена на претседателско ниво, полициските рации врз нашите џамии за време на утринската молитва, не сметаме дека се обични случаи. Како претседател на земја во којашто живеат 6 милиони луѓе во Европа, сметам дека е корисно да ги предупредувам нашите соговорници: Нема да постигнете ништ со тоа што муслиманите ќе ги претворите во непријатели.

Ердоган меѓудугото рече: "Расизмот и исламофобијата е психоза којашто ги уништува менталните и совесните способности на луѓето, без оглед на нивната должност, позиција и функција. Европскиот парламент, кој во секоја прилика знае да го искаже своето мислење за секое прашање во врска со нашата земја, не може да го заобиколи ова прашање играјќи три мајмуни“ рече претседателот Ердоган.



Слични вести