Франција со едностраните и билатерални односи продолжува со пристран и егоцентричен приод

Франција се обидува да го објасни процесот на напнатост што го иницираше и ескалираше самата

1515718
Франција со едностраните и билатерални односи продолжува со пристран и егоцентричен приод

Турција соопшти дека Франција со едностраните и билатерални односи продолжува со пристран и егоцентричен приод.

Во соопштението  на Министерството за надворешни работи беше изразена реакција против повикувањето на амбасадорот од Анкара на консултации и јазикот и изразите на министерот за европски и надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дријан насочени кон Турција. Во соопштението беше истакнато дека кога министерт Ле Дријан ја објави одлуката за повикуање на амбасадорот од Анкара, разбирливо е дека Франција се обидува да го објасни процесот на напнатост што го иницираше и ескалираше самата. Во соопштението кое беше објавено јасно може да се види дека Франција продолжува на едностраните и билатерални односи да гледа со пристран и егоцентричен приод.

Францускиот претседател Емануел Макрон и француските медиуми веќе долго време не се огласија на изнесувањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган и Турција како мета на остри критики и полемики, беше потсетено во соопштението.

„Исто така, нема реакција против карикатурите кои ги навредуваат муслиманите под маската „слобода на изразување“ а кои се рефлектираат на владините згради. Кога ќе се изнесат вистините и фактите, Запад како и секогаш со вообичаениот двоен стандард овие случувања ги третира под маската на „слобода на изразување“.

Во соопштението беше истакнато дека Турција како земја, која што со години води борба против сите видови тероризам и насилство, исто така изразува жалење и за сите жртви на овие случвања како што е убиството на Самуел Пети (учител по француски јазик).

„Нашето жалење беше изразено од страна на нашиот највиоск претставник во Франција. Чувствителноста на Турција во борбата против тероризмот не содржи јазична, верска, расна дискриминација на мислата. Значајно е Франција досега ниту еднаш не изрази жалење за нашите учители и наставници кои беа убиени од страна на (сепаратистичката) терористичка организација ПКК, денес има таква чувствителност“.

Објавувањето на карикатури со навреда за божјиот пратеник Мухамед во Франција и изјавата на претседателот Емануел Макрон дека нема да престанат да ги објавуваат предизвикаа реакција.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган својата реакција во врска со изјавата на Макрон ја изнесе со следните зборови:

„Што може да се каже за шефот на државата кој се однесува на ваков начин а во која им милиони приврзаници на различни верувања, пред сè, контрола во менталната точка“.

После тоа, во соопштението кое беше објавено од Елисејската палата, беше наведено дека зборовите на претседателот Ердоган за францускиот претседател Макрон се „неприфатливи“, а амбасадорот на Франција во Анкара Ерве Магро беше повикан во неговата земја на консултации.

Во меѓувреме, продолжуваат реакции против Макрон и Франција од муслиманскиот свет, особено од Палестина, Кувајт, Пакистан, Либан и Либија.



Слични вести