Бродот Оруч Реис се наоѓаше во рамките на својот континентален гребен

Местото каде што нашиот брод Оруч Реис врши активности на сеизмички истражување е целосно во рамките на континенталниот гребен на нашата земја

1515714
Бродот Оруч Реис се наоѓаше во рамките на својот континентален гребен

Турција соопшти дека сеизмичките истражувања коишто беа спроведени од страна на бродот Оруч Реис беа извршени во рамките на својот континентален гребен.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој објави писмен одговор на соопштението на Министерството за надворешни работи на Грција во врска со сеизмичките истражувања на Турција во Источниот медитеран.

Соопштението на Грчкото министерство за надворешни работи во врска со сеизмичките истражувања и активности на Турција во континенталниот гребен Во Источното Средоземно море дека биле извршени во грчкиот континентален гребен, сугерирајќи дека извршените активности се „нелегални“ е „неосновано соопштение“.

„Местото каде што нашиот брод Оруч Реис врши активности на сеизмички истражување е целосно во рамките на континенталниот гребен на нашата земја, што е утврдено врз основа на меѓународното право и е регистрирано во Обединетите нации. Областа на слободното истражување каде што бродот Оруч Реис ќе спроведе сеизмичко истражување од 25 октомври до 4 ноември 2020 година се наоѓа на 440 километри од копното на Грција и 130 километри од нашата земја и на 23 октомври 2020 Министерството отворено ја извести Амбасадата на Грција во Анкара“.

Турција, како и секогаш, во Источен Медитеран, освен своите исто така под гаранција ги зема и легитимните права на Кипарските Турци, и уште еднаш ја изразвам спремноста за дијалог за решение кое ќе се заснова на правда и и соработка.

„Очекуваме Грција да престане да создава вештачки причини и да поставува предуслови за да не влезе во дијалог со нашата земја.“



Слични вести