Реакција од претседателот Ердоган до САД во врска со С-400: Ние не сме племенска држава, ние сме Турција, Турција!

Претседателот Ердоган на изјавите коишто пристигнуваат од Соединетите Американски Држави (САД) во врска со ракетно-одбранбените системи С-400 коишто Турција ги купи од Русија, реагираше со зборовите: „Ние не сме племенска држава, ние сме Турција

1515575
Реакција од претседателот Ердоган до САД во врска со С-400: Ние не сме племенска држава, ние сме Турција, Турција!

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во градот Малатја говореше на 7. редовен Конгрес на градскиот огранок на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата).

Претседателот Ердоган на изјавите коишто пристигнуваат од Соединетите Американски Држави (САД) во врска со ракетно-одбранбените системи С-400 коишто Турција ги купи од Русија, реагираше со зборовите: „Ние не сме племенска држава, ние сме Турција.“

Во својот говор, претседателот Ердоган истакна дека додека се развиваат потези против иницијативите во Средоземното Море чија неправда и незаконост се согледува јасно, Турција се соочува со обиди за попречување коишто достигнуваат до степен на закана.

Нагласувајќи дека се обвинуваат поради тоа што заземаат место покрај своите азербејџански браќа кои во Кавказ ги бранат своите сопствени територии (против ерменската окупација), претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното: „Ете сега слушам, се појавуваат некои лица на САД го бараат мојот брат Илхам (азербејџанскиот претседател Алиев) и му велат 'Ние знаеме кој се наоѓа покрај вас. Се наоѓа Ердоган, Турција. Ние кога ќе дојде време за тоа ќе применуваме санкција и кон Турција.

Вие не сте свесни со кого танцувате. Која е твојата санкција, немој да доцнеш применувај ја. Ние фрливме чекор за (да купиме воени авиони) Ф-35, ги плативме нашите пари вие не ни ги дадовте нашите Ф-35'ки, не ги давате. Ни се заканивте, ни рековте вратете ги назад во Русија (противвоздушно одбранбениот систем) С-400'. Ние не сме племенска држава, ние сме Турција, Турција.“



Слични вести