Од претседателот Ердоган до Макрон и Вилдерс: Во нашата книга нема фашизам, тоа го има кај вас

Претседателот Ердоган уште еднаш покажа реакција против расистичките гласови и гласовите против исламот коишто се издигнуваат во европските земји, во врска со што го истакна следното: „Во нашата книга нема фашизам. Фашизмот го има во вашата книга.“

1515558
Од претседателот Ердоган до Макрон и Вилдерс: Во нашата книга нема фашизам, тоа го има кај вас

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во градот Малатја говореше на 7. редовен Конгрес на градскиот огранок на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата), кадешто се осврна на низа актуелни прашања и го рече следното: „Во нашата книга нема фашизам. Фашизмот го има во вашата книга. Ние нашиот пат го продолжуваме со социјална правда.“

Претседателот Ердоган уште еднаш покажа реакција против расистичките гласови и гласовите против исламот коишто се издигнуваат во европските земји, во врска со што го истакна следното: „Личноста на чело на Франција (Емануел Макрон), моментално избезумен, се бави со Ердоган. Ти, како прво погледни се во себе. Ова е случај. Навистина треба да се прегледа. Исто така има и еден таканаречен пратеник во Холандија (претседателот на Слободарската партија на Холандија Герт Вилдерс. И тој се кренал пишува нешто во врска со нас. Како прво да си ја знаеш својата граница. Зарем пресмета со кого патуваш?“

„Во нашата книга нема фашизам. Фашизмот го има во вашата книга. Во нашата книга нема ниту фашизам, ниту нацизам. Ние нашиот пат го продолжуваме со социјална правда.“ - подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести