Нов „NAVTEX“ од Турција: Бродот „Оруч Реис“ своите активности во Источниот Медитеран ќе ги продолжи до 4 ноември

Според новиот објавен „NAVTEX“ бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ своите активности во Источниот Медитеран ќе ги продолжи до 4 ноември

1515443
Нов „NAVTEX“ од Турција: Бродот „Оруч Реис“ своите активности во Источниот Медитеран ќе ги продолжи до 4 ноември

Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) „NAVTEX“, според која активностите на бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ во определената зона во Источниот Медитеран ќе продолжат до 4 ноември.

Според претходно издадениот „NAVTEX“, задачата на „Оруч Реис“ требаше да заврши на 27 октомври.

Бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ заедно и со бродовите „Атаман“ и „Џенгизхан“ ќе реализира сеизмички активности во Источниот Медитеран до 4 ноември. 

Инаку, бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ на чело со пребарувања на природни ресурси во континенталниот гребен може да реализира секој вид геолошки, геофизички, хидрографски и океанографски истражувања.

На бродот „Оруч Реис“ кој е едниот од ретките целосно опремени и повеќе наменски бродови за истражување можат да се вршат воедно и дводимензионални и тродимензионални сеизмички, гравитациски и магнетни геофизички истражувања во морето. 

„Оруч Реис“ може да реализира тродимензионални сеизмички операции на длабочина до 8.000 метри и дводимензионални сеизмички операции на длабочина до 15.000 метри во морето.



Слични вести