На северот на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализирана воздушна операција на областа Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1515524
На северот на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Во реализирана прекугранична воздушна операција во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои се подготвувале за акција.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер, се истакнува дека било установено дека терористите се подготвувале за терористичка акција во северниот дел на Ирак.

Во соопштението се вели следното: „Со реализирана воздушна операција се неутрализирани тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, кои се утврдени со летала за извидување и набљудување и за кои е установено дека се подготвувале за напад во областа Гара во северниот дел на Ирак. Нашите операции ќе продолжат се додека не биде неутрализиран и последниот терорист.“



Слични вести