Претседателот Ердоган: Турција апсолутно нема да дозволи да се формира терористичко мочуриште веднаш покрај нејзините граници

Претседателот Ердоган истакна дека Турција апсолутно нема да дозволи да се формира едно ново терористичко мочуриште, терористичка држава, веднаш покрај нејзините граници

1515237
Претседателот Ердоган: Турција апсолутно нема да дозволи да се формира терористичко мочуриште веднаш покрај нејзините граници

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на стадионот "Кадир Хас" во градот Кајсери говореше на 7. редовен Конгрес на градскиот огранок на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата).

Претседателот Ердоган истакна дека Сирија во последно време ги дозволува активностите за формирање на нова терористичка држава покрај границата со Ирак и дека е во обид за формирање на терористичка држава таму. 

Ердоган подвлече дека Турција нема да дозволи да се формира ново терористичко мочуриште, веднаш покрај нејзините граници.

"Турција апсолутно нема да дозволи да се формира едно такво ново терористичко мочуриште,  терористичка држава, веднаш покрај нејзините граници. Ќе го направиме она што е потребно и ќе го исушиме ова терористичко мочуриште. Ова прашање нема никаква врска со сојузништвото, пријателството. Ако оние кои се пред нас се навистина наши сојузници очекуваме со нив да го разгледаме секое прашање во своја сфера и да покажат почит кон резултатот од тоа. На ист начин, во Источниот Медитеран наместо да се предаде пред разгаленоста на Грција и Кипарско-грчкиот дел, треба да се застане на страната на правото. Дури и да се погледне сосема малку на картата на Средоземното Море ќе се согледа праведноста на Турција." - констатира претседателот Ердоган.

Осврнувајќи се и на непријателството кон исламот коешто е во подем во Европа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор во врска со реализираниот упад од страна на полицијата на една џамија во главниот град на Германија, Берлин, го рече следното: "Не може да се објасни упадот со стотици полицајци на една џамија во Германија. Тоа се нарекува непријателство кон исламот. Европскиот фашизам премина на една нова страница со овие видови напади насочени кон своите граѓани муслимани. Европа, со отворениот фронт против муслиманите си го подготвува сопствениот крај. Доколку не се спасат што поскоро оваа болест ќе ја сруши цела Европа од внатре."

Во врска со нападите на Ерменија врз Азербејџан пак, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: "Утрово разговаравме со Алиев (азербејџанскиот претседател Илхам). Во моментов нашите азербејџански браќа напредуваат кон окупираните територии. Почнаа да ги враќаат."



Слични вести