Хулуси Акар: Тестирањето на С-400 не значи оддалечување на Турција од НАТО

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека набавката, тестирањето и контролите на ракетни-одбранбените системи С-400 не значи оддалечување на Турција од НАТО

1515262
Хулуси Акар: Тестирањето на С-400 не значи оддалечување на Турција од НАТО

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во врска со противвоздушниот и ракетно одбранбен систем С-400 истакна дека контролата и подготовките на набавениот систем се одвиваат според планираното.

Министерот Хулуси Акар рече:„Набавката, тестирањето и контролите на овој систем не значат оддалечување на Турција од НАТО. Ние ќе го користиме системот С-400 на ист начин како што се користи системот С-300 во НАТО-сојузот.“

Инаку, и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава вчера покажа реакција на изјавата на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со тестирањето на ракетно-одбранбените системи С-400 и го рече следното: "Веројатно нема да ги прашуваме САД."

Претседателот Ердоган по ова прашање го подвлече следното: „Точно е дека овие тестирања се реализирани, се реализираат, и нас воопшто но не обврзува овој приод на Америка. Бидејќи, што ќе правиме а нема да ги вршиме тестовите на овие видови можности што ни стојат на располагање? Веројатно нема да ги прашуваме САД и за тоа.“



Слични вести