Турција остро ја осуди полициската рација врз џамијата Мевлана во Берлин

Со оваа грда акција, беше занемарена чувствителноста што треба да се покаже кон светоста на верските места

1514397
Турција остро ја осуди полициската рација врз џамијата Мевлана во Берлин

Турција остро ја осуди полициската рација во џамијата Мевлана во Берлин.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи беше потсетено дека полициската рација е извршена како дел од финансиската истрага за време на утринската молитва во џамијата Мевлана во Берлин.

Во соопштението се посочува дека џамијата е едно од најстарите и централни места за богослужба во градот.

„Ние силно го осудуваме полицискиот упад во џамијата Мевлана. Со оваа грда акција, беше занемарена чувствителноста што треба да се покаже кон светоста на верските места.“

„Под никаков изговор на рација, не може да се оправда шетањето на полицијата со чизми на нозете која го извалка местото на богослужба. Исто така, тера на мислење фактот дека овој грд чин е извршен во главниот град на земјата која сака да држи лекции и дели пооуки за слободата на изразување и верување“.

Во соопштението беше потенцирано дека упадот на полицијата е необјаснив чин против муслиманската заедница.

„(Овој упад) е нов пример на предрасудите, дискриминирачките и непропорционални третман на кои е подложена муслиманската заедница во Германија, чиј број е близу 5 милиони. Германските власти треба да го сфатат фактот дека муслиманите се составен дел на Германија, без понатамошно исклучување и маргинализација“.



Слични вести